November 28, 2020 08:32
Спорт

Кастратовиќ: Имавме проблеми во одбраната

македонскиот ракоемтен претставник во Лига Европа, скопски Металург го загуби првиот натпревар во новто натпреаврување на гостувањето кај францускиот Тулуз 33:29 (18:15). Домаќинот во текот на целиот натпреавр го контролираше резултатот и играта недозволувајќи му на Металург да приреди изненадување.

Тренерот на тимот од Автокоманда, Зоран Кастартовиќ по мечот причината за поразат ја виде во играта во одбраната.

– Најпрво сакам да му честитам на противникот за победата. Ние овде дојдовме по добар резултат, но не успеавме во тоа поради лошата концентрација во одбраната во одредени моменти. Имавме проблеми во одбраната, загубивме многу топки, не успеавме да ја сопреме нивната транзиција. Нашата одбрана 6-0 денеска не беше добра како на претходните натпревари. Исто така, би сакал да му честитам на мојот тим за енергијата на овој меч, кој, за жал, го загубивме. Сепак, имаме уште девет натпревари во Лигата Европа и можност да играме подобро и да оствариме некоја победа – изјави Кастратовиќ.