June 25, 2022 12:34
Скопје

Карпош ја продолжи есенската акција со засадени нови високоизрасната дрвја

Општина Карпош продолжи со есенската акција за зголемување на зеленилото, на територија на неколку населби: Влае 2  (на плоштадот „Делфина“), Тафталиџе 1, Карпош 2, Карпош 1, Козле („Јуриј Гагарин“ меѓу зградите бр. 33 и 35), Карпош 3 (во рамки на спортско – рекреативниот центар во ООУ „Лазо Трповски“).

Засадени се вкупно 34 високоизраснати листопадни и зимзелени дрвја: јавори, јасени, липи и  туи.

Локалната самоуправа континуирано вложувa раззеленување на Карпош. Во изминатиот период беше засадено ново зеленило и тревна површина и во Тафталиџе (во должина на бул. „Партизански одреди“, во Карпош 4 (меѓу „Желево“ и „Соле Стојчев“), како и во УЗ „Владо Тасевски“ (спроти хотел Карпош).