January 27, 2021 02:59
Скопје

Карпош се подготвува за најавените снежни врнежи

Зимската служба на Општина Карпош распрскува емулзиона течност по дел од повисоките места – населби (Бардовци, Жданец и Трнодол). Станува збор за средство, чија цел е да спречи заледување на коловозот во пресрет на најавените снежни врнежи.

Течноста се распрскува непосредно пред најавени снежни врнежи, со цел да се придонесе кон полесно топење на снегот по сообраќајниците и пешачките зони.

Општина Карпош е во постојана комуникација со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во консултација со стручните лица од оваа институција, се преземаат превентивни активности за полесно справување со најавениот снег.

Имено, денеска се очекуваат снежни врнежи во попладневните и вечерни часови, а поинтензивни врнежи од снег се очекуваат во текот на утрешниот ден (од 2 до 5 cm во скопската котлина).

Намерата на локалната самоуправа е примарно да се исчистат повисоките места (населби), како и да се обезбеди безбедно движење на граѓаните по пофреквентните зони.

Attack on Titan Season 3 Episode 12 at Crunchyroll crunchyroll premium free 2020

The Seven Deadly Sins: Revival of the Commandments (Dub) (https://kissanimeonline.com/m/o5L2) Episode 24 at KissAnime kissanime mobile