October 24, 2020 19:58
Магазин

Каролина и Михаил прославија три години брак

Каролина Гочева со Михаил Корубин се венчаа на 23 септември, 2017 година во еден од хангарите на воениот аеродром Стенковец.

Свадбата на Каролина и на Михаил беше проследена од будното око на јавноста иако беше од затворен тип.
Тие организираа венчавање со матичар и свадбена забава на необична локација, во еден од воените хангари на аеродромот Стенковец, специјално приспособен за оваа пригода.

Голем број од домашните јавни личности беа поканети на забавата, а дел од нив и запеаја. Корубин е син на дизајнерката Лиле Корубин и на уметникот Рубенс.

Каролина и Михаил се свршија во Париз во мај, неколку дена по нејзиниот роденден.

Да се потсетиме на некои од најубавите моменти од свадбата на Каролина и Михаил: