December 10, 2022 07:42
Македонија

Кардиологија доби опрема вредна 567.800 долари, донација од македонската дијаспора

Универзитетската клиника на кардиологија „Мајка Тереза“ во Скопје, Македонија штотуку доби донација од медицинска опрема во вредност од 567.800 американски долари од организацијата World Medical Relief со седиште во Мичиген, реализирано со логистичка поддршка од Здружението на резидентни лекари – RDA. World Medical Relief соработуваше со Обединетата македонска дијаспора и медицинската мисија Датилио, заедно кои ги покрија трошоците за контејнерот, и меѓународната испратка од Мичиген до Македонија преку Дурес, Албанија.

Пратката со медицинска опрема со тежина од 7.774 килограми ќе овозможи современ пристап и третман на пациентите во Клиниката. Содржината на контејнерот вклучува респираторни системи за нега, маски за кислород, хируршки материјали, хируршки инструменти, ортопедски предмети, И.В. залихи, гази, завои, кревети за интензивна нега, патерици, кревети, инвалидски колички, дијагностички алатки итн.

„ Бевме во Македонија пред 12 години. Ги видов потребите на луѓето кога се работи за здравствена заштита. World Medical Relief е посветена да им помогне на болните и сиромашните во вашата земја. Одлична земја, љубезни луѓе со големо срце и култура“, изјави д-р Џорџ Самсон, претседател и извршен директор на World Medical Relief.

„ Како млад Македонец, чувствувам дека треба да бидеме вредни во нашите напори да им помогнеме на нашите македонски заедници дома и во странство. Благодарен сум и почестен што сум дел од организација чија мисија е да им помага на болните и неуслужните преку заедничките напори на истомислениците на македонските организации. Ова не можеше да се направи без поддршката на д-р Самсон, Мето Колоски, ОМД, генералот Дуби, медицинската мисија Датилио, Александра Георгиева и Алекс Петрилка“, рече Александар Бежановски, хуманитарен амбасадор за Македонија на World Medical Relief и студент на Државниот Универзитетот Вејн кој планира да започне медицински универзизет по дипломирањето.

„ Не можеме да бидеме повеќе благодарни на World Medical Relief за обезбедувањето на оваа дарежлива сума на медицинска опрема и потрошен материјал за Македонија, особено на нашиот Македонец Александар Бежановски, кој помогна во водењето на овој проект. ОМД се гордее да биде вклучен и да им се придружи на пријателите од Вермонт, медицинската мисија Датилио, и генералот Мајкл Дуби во помагањето и ублажувањето на здравствените предизвици во земјата“, рече претседателот на ОМД Методија А.Колоски.

„ Медицинската мисија Датилио со седиште во Вермонт, САД, е многу задоволна што може да биде партнер со World Medical Relief и Обединетата македонска дијаспора и да ја поддржи неодамнешната испорака на медицински материјал на Универзитетската клиника за кардиологија во Скопје“ изјави Генерал-полковник Мајкл Дуби, кој беше генерал-аѓутант на Националната гарда на Вермонт (2006-2012) и добитник на наградата за пријателство со Македонија на ОМД во 2012 година.

На 28 септември 2022 година генералот Дуби и поранешниот директор на Здружениот штаб на Вермонт националната гарда Џонатен Фарнхам ја посетија ја посети Македонија и заедно со директорот на ОМД за Македонија Гордан Јорданов беа во посета на болницата и направија обиколка на објектите, како и ја просведочија употребата на донацијата на медицинска опрема и материјали.

Огромна благодарност до д-р Жан Зимбаков, директорот на Универзитетската клиника „Мајка Тереза“, д-р Оливер Бусљетиќ, раководител на одделот за ИЦУ и д-р Александра Георгиева, претседател на Здружението на резидентни лекари (РДС) кои помогнаа во реализација на оваа донација на медицинска опрема.