December 1, 2020 06:26
Македонија

Караџовски: Не се собирајте на слави со десетици гости без маска

Караџовски: Не се собирајте на слави со десетици гости без маска

„Веќе сме во период на слави кои ќе продолжат во следните три месеци, но што се случува на тие домашни прослави? Понекогаш изгледаат како мали свадби, десетици гости во затворено, па уште и никој ако не носи маска, тогаш имаме потенцијално жариште. Затоа повторувам дека неодговорните и оние кои мислат дека вирусот не им е закана се највиновни за пренесувањето на заразата. Мислам дека поголем дел од луѓето почитуваат мерки, но токму заради оние кои не ги почитуваат стигнуваме до овие бројки.“- изјави Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести на гостувањето во телевизија Канал 5.

Тој потврди дека целата комисија работи без паричен надоместок, а тој лично тоа го прави 26 години и затоа сите обиди за нивна дискредитација се неосновани.

„Јас не работа за пари, ниту за углед, туку работам професионално за да ги заштитам пациентите. Проблемот е во тоа што многумина им веруваат на нестручните лица и така придонесуваат во ширењето на вирусот.“- рече Караџовски.