April 21, 2019 20:41
Македонија

Караџовски вели дека бил во Обвинителството поради службени обврски

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Kараџовски денеска пред Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција изјави дека имал службени обврски и не може да каже зошто.

Прашан зошто бил повикан во Обвинителството и дали станува збор за доделувањето на надоместоци, Караџовски рече дека имал обврски во оваа зграда и дека не може да каже во врска со што.

Прашан дали тој ги потпишал надоместоците од 35 проценти за двата месеци изминатата година, Караџовски рече „да, нормално јас сум претседател на Судски совет и претседател на Судски буџетски совет”.

– Одлуката за надоместоците за тие три месеци. Одлуката дека се обезбедени средства и решенијата за исплата на додатоци на плата ги потпишав јас, а за мене мојот заменик, изјави Караџовски.

На новинарско прашање дали и зошто не била поканета министерката за правда на таа седница, одговори дека ресорната министерка е секогаш поканета.

– Сите министри биле уредно секогаш поканувани, а во наредниот период и со телефонски јавувања и пораки е поканувана лично од моја страна. Ниту еден министер ниту еднаш не беше на седница на судски буџетски совет јас од кога сум претседател на судски буџетски совет. Како член на судски буџетски совет министерот за разлика од членувањето во судски совет е со право на глас, изјави Караџовски.

Kараџоски денеска неколку часа беше во Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција.

Дел од медиумите објавија дека станува збор за додатоците на плати на членовите на Судскиот совет. Во декември 2018 година членовите на Судскиот совет донесоа одлука да си ги зголемат нивните плати и платите на судиите за 35 отсто.

Нови вести

(Живо) ДИК почна со објавување на првичните резултати од изборите

Filip

Иванов: На новиот претседател му посакувам многу помирен мандат

Igor

Кирацовски: Изборниот ден помина во мирна, фер и демократска атмосфера

Filip