September 24, 2021 07:46
Македонија

Карапетров: Зелената ДУИ во Тетово ветуваше подземни контејнери, зеленило и чист воздух, а сега Тетово стана град депонија

Зелената ДУИ на Ахмети и листопадната СДСМ на Заев направија таква штета на Тетово што речиси е невозможно да се поправи.

Ветуваа се и сешто, од подземни контејнери до стандардни претоварни станици, регионална депонија, зеленило и паркови. Ветуваа ширење на градот, катни гаражи, ред во сообраќајот и што ли уште не.

Ветуваа европско Тетово.

Но, ветувањата останаа на „ЌЕ”.

Наместо претоварна станица според стандарди, имаме импровизирана депонија во Фалише, каде се истура целиот отпад од градот, директно на земја, загадувајќи ја околината. Не се реши ниту проблемот со депониите околу градот и во градот. Тетово стана ГРАД ДЕПОНИЈА. Не се реши ниту проблемот со водата за пиење, која дивите приклучување и губењето на вода во старата водоводна мрежа го оставаат стариот дел на Тетово без вода. Шумите се масакрираат од дивата сеча и изградбата на патишта до малите централи со кои се уништуваат и  реките.

Тетово се уште нема прочистителна станица за отпадни води.

Наместо зеленило и паркови, никнуваат згради како печурки за кои нема предвидено паркинг места, или ги има само на хартија, а на уличките во централното градско подрачје владее тотален сообраќаен ХАОС, и населението кое живее таму е принудено да се справува како знае и умее.

Дополнително, се загрижени за состојбата со Шар Планина, каде наместо ревитализација која одамна требаше да се случи, власта најавува голф терени.

Топло им препорачуваме да се освестат, да гледаат најбрзо да го решат овој проблем, а не да излегуваат со вакви смешни изјави.

За жал, Тетово е еден од најзагадените градови во Македонија и покрај тоа што „Југохром” го затворија.

Почитувани,

ДУИ и СДСМ на дело ја покажаа својата  зелена агенда, за која со сигурност ќе бидат казнети на овие избори.

https://animetv.cc anime tv list

AnimeFreak: Detective Conan Movie 08: Time Travel of the Silver Sky anime episode Full online free at https://animefreak.ws watch anime free

4Anime: Black Lion anime episode Full online free at https://4anime.biz 4anime anime

The Ambition of Oda Nobuna Episode 12

Godotengine: https://godotengine.org/qa/user/gogoanimelol

Bitrated: https://www.bitrated.com/animefreakws