Македонија

Карантин од недела до вторник

Следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со КОВИД-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесовме одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05:00 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19:00 часот до 05:00 часот наутро.

Posted by Влада на Република Северна Македонија on Петок, 22 мај 2020

 

Поврзани вести

Македонец не учествувал во атентатот врз водачот на Кавачкиот клан

Igor

ИВЗ го разреши реисот Сулејмани

Igor

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Valentina