January 26, 2021 05:28
Балкан

Карантинот во Грција може да продолжи и по 30 ноември

Во моментов се чини дека не е реална цел да започне олабавувањето или да вратиме дел од економијата во нормала од 1 декември, вели портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во интервјуто за телевизијата ЕРТ, во однос на тоа дали карантинот ќе заврши на 30 ноември, а ден потоа, земјата да почне да се враќа во нормала, јави дописничката на МИА од Атина.

Пецас објаснува дека во текот на следната седмица ќе го разгледаат планот за „постепено враќање во еден вид на нормалност кон средината на декември” и додава дека сега, она што е важно е сите да се насочат кон битката за спречување на дополнителното ширење на коронавирусот.

-Дискусијата за временскиот рок (за олабавување на мерките), додека водиме битка, во голема мера, е во погрешен момент. Многу пати кажавме дека ќе почнеме од областа што има помал епидемиолошки товар, како што се училиштата, па малопродажбата, потоа угостителските објекти. Во моментов нема временски рок, бидејќи се фокусираме на битката, објасни Пецас.

Паралелно, коментираше дека во првата седмица од карантинот имало олабавеност, особено во северна Грција.

The Rising of the Shield Hero Season 2 (https://animeplanet.cc/m/Ee8y) Episode 1-Preview at AnimePlanet animeplanet

Watch How Not to Summon a Demon Lord Episode 5 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll free trial code