November 30, 2020 17:23
Македонија

Каракачанов се заканува дека ќе испраќа инженериски полк во Скопје за да отстранува споменици

Во пресрет на најавената средба меѓу македонскиот и бугарскиот премиер Зоран Заев и Бојко Борисов за наредниот месец во Софија кај источниот сосед се засилува реториката против македонската историја која им е „трн в око“ на дел од тамошните власти. Еден од нив кој знае да обвајвува „бисери“ е министерот за одбрана и вицепремиер Красимир Каракачанов, кој во интервју за бугарското радио „Дарик“ пред неколку дена испратил заканувачки пораки дека ако е потребно во Скопје ќе го испрати инженерскиот полк за да отстрани дел од спомениците  што побргу или пак младинската организација на неговата партија ВМРО тоа да го стори во вечерните часови.

-Буквално вчера тие одбија да работат во заедничката комисија. Тие го слават
националниот празник на 11 Октомври против таканаречениот „бугарски окупатор“ – изјавил Каракачанов во интервјуто. Ништо ново од овој бугарски политчар, кој во пресрет на парламентарните избори во Бугарија закажани за почетокот на идната година уште одсега почнува да си го билда рејтингот со националистичка и негаторска реторика.

Според него ова треба да се случи до декември за да Македонија добие датум за меѓувладина конференција со која ќе отпочнат преговирите со ЕУ.