February 28, 2020 06:00
Македонија

Каракачанов: Македонија да ги исполни обврските од Договорот со Бугарија

Бугарскиот заменик-премиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, изјави дека доколку Северна Македонија сака да стане полноправна членка на НАТО и Европската Унија мора да ги исполни обврските кои ги презеде во договорите со Бугарија и Грција, пренесуваат бугарските медиуми.

Во изјава за бугарското радио „Фокус“, Каракачанов истакна дека Договорот за добрососедство што Македонија го потпиша со Бугарија, како и договорот што беше постигнат со Грција, предвидува остранување на сите иредентистички прашања, вклучувајќи ги и, како што рече, лажните информации содржани во училишните учебници во последните седум децении.