December 12, 2019 20:10
Македонија

Канческа Милевска : Немам зошто да барам оставка од Мицкоски

Пратеничката Елизабета Канческа Милевска, една од осумтемината независни пратеници кои беа исфрлени од ВМРО-ДПМНЕ, за Вечер рече дека не била запознаена ниту консултирана за пресот на колешката Емилија Александрова, која го обвини Хистијан Мицкоски за лицемерие и побара од него оставка.

Таа смета дека Мицкоски не направил лош чекор со тоа што најави иницијатива за
ратификација на протоколот за членство во НАТО пред да се распушти Собранието, со што би имал
одложено дејство, односно кога ќе биде усвоен и во шпанскиот парламент.

-Не сум запознаена ниту консултирана за пресот на колешката Емилија Александрова. Јас денеска не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела. Не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. Немам зошто да барам оставка од лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, тој на конгрес е легитимно избран претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и многу е јасно кој му ја дава и кој му ја одзема довербата, вели Канческа Милевска.

Сепак, според извори од независната пратеничка група за „Локално“, произлегува дека Канческа-Милевска или ја лaжe јавноста, или ги излажала нив.

Имено, како што објави порталот, извори од групата тврдат дека одлуката за денешната пресконференција била донесена вчера, заеднички. Наводно, Канческа-Милевска се согласила со изнесениотстав, а единствена нејзина „забелешка“ била дека денеска ќе отсуствува од Собранието во моментот на одржување на прес-конференцијата.

Нови вести

Јанушев, Мисајловски и Муцунски остварија средба со Холтхоф Пфортнер, министер за сојузни, европски и меѓународни работи на Северна Рајна – Вестфалија 

zane

Средба на премиерот Заев со Анди Исмаили, светски шампион во современ танц соло за деца

zane

Магла кај Страцин, на Попова Шапка и на Ѓавато

zane