September 24, 2021 09:01
Македонија

Канческа Милевска: Немало никакви преговарања, интересите на државата секогаш ми биле на прво место

Поранешната министерка за култура и поранешна пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Елизабета Канческа Милевска тврди дека немала никаков притисок, ниту од нејзината  партија, ниту од страна на СДСМ да гласа за уставните измени во Собранието за промена на името и дека гласала по свое убедување.

-Немало никакви преговарања. Јас имам судски предмет кој сè уште тече, воопшто не сум се договарала за самиот предмет. Одам на суд на секоја покана од судот. Лично не сум преговарала, ниту пак ми доаѓа на памет, ниту пак сум помислила да преговарам за нешто што воопшто не е прифатливо за мене. Интересите на државата секогаш ми биле на прво место, така сум функционирала и така ќе продолжам, истакна Канческа Милевска вечерва во емисијата „Жешко политичко лето” на Канал 5 Телевизија.

Прашана за тоа дека гласаше за промена на уставното име на државата во Собранието, Канческа Милевска рече дека гласала по нејзино убедување.

-Да, лично сум гласала по мое убедување. Сум немала никаков притисок, ниту од мојата партија, ниту од страна на СДСМ. Лично, по мое сопствено убедување и сметав дека конечно сите треба да се издигнеме над партиските ставови кога станува збор за интересите на државата и кога се одлучува за стратешките приоритети на државата, рече Канческа Милевска.

Според неа, Христијан Мицкоски е легитимно избран претседатаел на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека како делагат на партијата гласала за него на конгрес.

Таа посочи дека проектот „Скопје 2014″ не се однесува само на неа и потсети на капиталните градби, како стариот театар, Музејот на македонската борба, концертната сала за Филхармонија, Спомен-куќата на Тоше Проески и Спомен-куќата на Мајка Тереза. Парите, како што нагласи, се знае за што се отидени, делата се гледаат, функционираат.

За распаѓањето на новиот Македонски народен театар, кој беше дел од проектот „Скопје 2014“ година, а кој чинеше над 37 милиони евра, Канческа вели дека не се распаѓа и се случило поради неодржување на објектот и запушување на сливниците кои не биле чистени, а не поради неквалитетниот материјал.

Website https://animetv.cc: Watch Bakuon!! no Kobeya animetv Episode 4 watch anime dub

RErideD: Derrida, who leaps through time (Dub) (https://4anime.biz/m/9RoM) Episode 12

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

Watch anime online for free at AnimeFLV free anime

Glose: https://glose.com/u/gogoanimelol

Hub docker: https://hub.docker.com/u/animefreakws