August 23, 2019 18:02
Македонија Скопје

„Канцерогено општество“ на нов протест пред Собранието поради загадувањето

Иницијативата „Канцерогено општество“ за денеска најави нов протест пред Собранието против загадувањето на воздухот.

Револтот ќе го изразат со двочасовно блокирање на булеварот пред Собранието. Бараат од надлежните во рок од една година да ги решат регионалните депонии, да се справат со големите загадувачи и апелираат на заедничко дејствување со сите екоздруженија и активисти.

„Едно од клучните барања на нашата организација е решавање на сите жешки еколошки точки во рок од една година, како што се: „Охис“, „Јегуновце“, РЕК „Битола“, „Железара“ и „Дрисла“. Исто така, треба да се воведе нова технологија за решавање на регионалните депонии што се под локална власт и создавање национален план за селектирање и рециклирање на отпадот“, порачаа од иницијативата „Канцерогено општество“.

Нови вести

Советот на обвинители незадоволен од извештајот на Русковска за „Рекет“

Filip

Тутунски комбинат Прилеп очекува да ја заврши годината со добивка

Filip

Германија ја заврши постапката за ратификација на протоколот за НАТО

Filip