August 13, 2022 19:37
Спорт

Кантер доби американско државјанство

Кошаркарот на НБА тимот Бостон Селтикс, Енес Кантер, кој има турско потекло, а е роден во Швајцарија, доби американско државјанство, соопшти денеска раководството на Лигата.

Покрај тоа, кошаркарот го смени и своето име додавајќи го зборот „Фридом” (Freedom – слобода), што американскиот суд му го одобри.

Со тоа кошаркарот на Бостон отсега ќе настапува под презимето Фридом, a Кантер ќе биде неговото средно име.

Кантер е активен на полето за заштита на човековите права и жесток критичар на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, поради што властите во Анкара во 2017 година му го одзедоа пасошот и го остави ја Кантер без државјанство.