December 1, 2021 17:07
Македонија

Кандидат за советник во Општина Битола пријавил во полиција неовластено снимање

СВР Битола презеде мерки за расчистување на случај на неовластено снимање на кандидат за член на Совeтот на Општина Битола.

-Кандидат за советник во Општина Битола на претстојните локални избори пријавил дека синоќа околу 20:45 часот, во моментот кога застанал со возило на улица „Дебарска” во Битола, во кое биле неговата сопруга и деца, едно лице неовластено ги снимало, по што подоцна снимките биле дистрибуирани и прикажани на повеќе портали, социјални мрежи и телевизиски куќи, велат од полицијата.

Според Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, станува збор за Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола.

-Ве замолувам да го погледнете видеото кое што ќе го пуштиме, а на кое што главните активисти на СДСМ, секретар на Општинската организација а и двајцата се кандидати за советници на Битола, синоќа одеа во населбата Баиро и од брендирана со налепници кола на кандидатот за градоначалник ан СДСМ во Битола Кондовски делеа црни вреќи. Сите знаеме што е работата, повелете видете го видеото. Луѓето кои што вадат црни вреќи во населбата Баиро во Битола од возило со налепници од кандидатот за градоначалник на СДСМ во Битола, се Борче Корлевски, актуелен советник во Советот на општина Битола и повторно кандидат за советник во Битола. Второто лице е Жаклина Наумовска, просветен инспектор и секретар на Општинската организација на СДСМ во Битола како и кандидат за советник. Сите знаеме што прават тие во Баиро во Битола. Сите знаеме зошто делат црни вреќи. Сите знаеме дека тоа го прават и тоа се гледа од снимката, тоа го прават од кола која што е излепена, брендирана со името на Христо Кондовски, кандидат на СДСМ во Битола, рече Ѓорчев.