June 24, 2021 21:16
Спорт

Канатларовски: Успехот е остварен на ЕП нека му ја мислат фаворитите

Одбројувањето до премиерниот настап на најдобрата македонска фудбалска репрезентација на завршницата од Европското првенство кое по повод јубилејот 60 години од одржувањето на првиот шампионат на „стариот континент“ ќе се одржи во 11 градови, еден помалку од првобитно планираното, и со една година задоцнување поради пандемијата наметната од коронавирусот. Евро-шампионатото почнува на 11 јуни и ќе трае до 11 јули. Македонија идната недела (13 јуни) ќе ја има премиерата во групата Ц, во Букурешет против соодветната селекција на Австрија. Три дена подоцна на 17 јуни на истиот терен ривал ќе им биде Украина, а на 21 јуни ќе се пресели во Амстердам каде ќе и гостува на фаворизираната Холандија.

Противниците имаат подобар рејтинг од „црвено-жолтите“ и на хартија се фаворити. Против сите Македонија има играно и не може да се пофали со позитивен скор во меѓусебните дуели. Со Укараина имаме одиграно четири дуели, два приајтелски и два квалифиакциски и скорот е една победа, едно реми и два порази, со Холандија четири квбалификациски меча, два нерешени исходи и два порази, а со Австрија најсвежи се сеќавањата со два квалифиакциски порази.

Што можеме да очекуваме од новите пресметки во историскиот настап на ЕП, за „24 инфо“ зборува Драган Канатларовски – Цапар, поранешен репрезентативец, потоа на двапати селектор на најдобрата репрезентација  (1999-2001 и 2003-2005), единствен кој ја имал таа привилегија, а сега истата улога ја извршува во помалите возрасни категории. Токму Канатларовски го има предовдено македонскиот државен тим во 2004 година на дуелите со Украина (победа на пријателски меч 1:0) и со Холандија (квалифиакциско реми 2:2).

-Успехот е постигнат со самиот обезбеден настап на завршницата. Не е мала работа да се игра на завршница од едно големо натпреварување, а таму нека му ја мислат фаворитите. Македонија ќе игра без психолошки притисоци дека мора нешто да се оставри, а има состав кој противниците сигурно ќе го респектираат – вели популарниот Цапар.

Како фудбалер Канатларовски беше дел од првата генерација македонски фудбалски репрезентативци од кои фудбалската јавност можеби најмногу очекуваше. Тука беа Дарко Панчев, Илија Најдоски, Вујадин Станојковиќ,  Чедомир Јаневски, Тони Савевски, Митко Стојковски, Тони Мицевски…

– Може да се каже дека беше така. И таа генерација на искусни фудбалери имаше победнички менталитет, но хендикеп беше што бевме речиси сите на залезот од кариерата и во група предводена од актуелниот европски првак Данска како дебитанти не ги исполнивме очекувањата на љубителите на фудбалот. После веднаш почна промена на генрација и ништо не напрвивме. Чекавме долго време, додека оваа генерација на фудбалери предводена од искусниот Горан Пандев го оствари сонот на генерации фудбалери и љубители на овој спорт – се потсетува Канатларовски.

Што има оваа генерација предводена од Игор Ангеловски – Мрме од клупата, а од Горан Пандев на теренот, а им недостасуваше на другите кои ни од далеку не се доближија до пласман на големите натпреварувања ?

-Оваа генерација покажува респект кон сите, но не и страв од никого. Тоа го покажа во Лига Европа каде ни беше укажана шанса да играме со еднаквите и покажавме дека сме најдобри во таа конкуренција. Имаат самодоверба која од натпревар во натпревар ја надградуваат. Покажаа против четирикратниот светски првак Германија дека заслужуваат респект. Можат да играат и со фавортитие, не им се плашаат и затоа не би требало да биде изненадување ако и на завршницата продолжат со победничкиот менталитет да пленуваат – оптимист е македонскиот стратег.

Во селекцијата има репрезентативци кои нема да им биде прво искуство како е да се игра на завршница, бидејќи со македонскиот тим до 21 година играа на ЕП-2017 година.

-И тоа е искуство. Тимот е компатибилен. Направен е добар микс. Го краси брза трансформација од одбрана во напад она што е одлика на модерниот фудбал. Без разлика кој е противникот, пријателски или официјален меч, игра против сите и секогаш без калкулации. Никого не потценува и не преценува. Тоа е добитната комбинација, смета Цапар кој се лансира како фудбалер во Пелистер, а беше дел од шампионската генерација на Вардар која жареше и палеш во ју-лигата, го носеше и дресот на Црвена звезда, а играше и во шпанската Ла Коруња…

Играчот со најмногу настап и најмногу постигнати голови во државниот дрес Пандев е лидер кој го предводи тимот во кој е еден од најдобрите млади играчи сместен меѓу десетте кои можат да блеснат на ЕП Елиф Елмас, а тука се да го понесат товарот на своите плеќи Езџајн Алијоски, Бобан Николов, Висар Муслиу, Александар Трајковски, Стефан Ристовски… Ќе се подготви и ќе има динамит во своите нозе и Енис Барди по ковид-изолацијата за време на мини подготвките во Скопје кои завршуваат утре и во вторник продолжуват во Букурешт каде се сели македонската експедиција.

-Македонија и со претходните генрации во квалификациските циклуси знаеше да изненадаи ривали кои важеа за фаворти во групите Англија, Холандија, Ирска, Хрватска, Турција…но паѓаше на испит со еднаквите. Тоа не е случај со овој тим кој има еднаков пристап кон сите ривали и мислам дека тоа е клучот на успехот. Психо-физички се добро подготвени и можеме со городос да го гледаме овој државен тим на ЕП, порачува Канатларовски.

(Д.Н.)

Поврзани вести

Радев: Нема да кажеме „да“ се додека Македонија ја краде бугарската историја

Igor

Десет нови случаи на Ковид-19, починаа три лица

Igor

Рама: Се надевам нема да побараат да се викате „Западна Бугарија“

Igor

WCOStream Watch anime online, English anime online HD. Di Gi Charat (Dub) Episode 16

4Anime Watch english anime Online in HD for FREE. Pokemon: The Movie 2000 (Dub) (https://4anime.biz/m/DGE) Episode Full

Watch anime online for free at GoGoAnime anime websites. Watch Tenchi Souzou Design-bu Special Episode Full