June 28, 2022 13:41
Свет

Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.

Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.

За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.

Покрај тоа, речиси 900.000 домаќинства во источна Канада сè уште беа без електрична енергија во саботата навечер по локално време, од кои околу 340.000 во Онтарио и 535.000 во Квебек, според локалните енергетски компании Хидро Уан и Хидро Квебек.

tải go88 về ip go88 nhà cái ở đầu Go88 - Cổng game bài hàng đầu thế giới 2022

báo cầu sunwin