Бизнисменот Орце Камчев позитивен на корона вирусот дојде да присуствува на судењето за случајот “Плацови на Водно” во кој е обвинет, кажа неговиот адвокат Гоце Ристовски пред судијата Илија Трпков на почетокот на рочиштето, објави „Канал 5“.
Додека ова го говореше неговиот адвокат, Камчев седеше во агол во судницата каде што нема други лица.
-Во меѓувреме обвинетиот Јордан Камчев имал контакт со заболен при што појави симптоми на висока температура, истиот доби боледување од матичен лекар, при што е извршено тестирање и вчера кај него е детектирани присуство на Ковид 19. Согласно Уредбата на Владата предвидена е задолжителна самоизолација, а овие околности де познати и на Јавниот обвинител, иако обвинетиот Камчев согласно Уредбата треба да е во самоизолација, а тој е присутен исклучиво по ценење на одбраната и негово лично од причина што се уште нема Решение за самоизолација, рече адвокатот Ристовски.
На ова обвинителката Лиле Стефанова одговори:
-Тестот кој е изготвен вчера покажува дека лицето имало некогаш контакт со вирусот, а не дека е позитивен на вирусот.”
Адвокатот Ристовски возврати :
” Фактите се следни дека Камчев има позитивен брз антигенски тест на Ковид 19 од 27 јануари и тој треба да е во самоизолација.”
На судењето кое по ова се одложи, не беа присутни ниту сведоците Коце Трајановски, Дејан Митровски, Александар Бичиклиски и претсавник од партијатс ВМРО-ДПМНЕ.