July 10, 2020 12:27
Македонија

Камчев нуди дуќан во центарот на Скопје и фабрика во Делчево да му го вратат пасошот

2 289 000 евра е гаранцијата која ја нуди Орце Камчев за да му биде вратен пасошот.

Адвокатите на Камчев за Телма потврдија дека во гаранцијата се понудени деловен простор од 400 квадрати во центарот на Скопје и фабрика во Делчево. Барањето е поднесено во петокот и е пратено на мислење во обвинителството. Камчев претходно бараше да му се издаде нов привремен пасош, а обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот “Империја” го отфрли тоа барање.

Камчев е осомничен во случајот “Империја” за повеќе дела, меѓу кои и перење пари, а е и сведок и оштетен во случајот “Рекет”.