December 10, 2022 06:37
Македонија

Кампања за подигање на свеста за опасностите од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје

Министерството за внатрешни работи и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска ќе ја почнат кампањата за подигнување на јавната свест за опасностите што произлегуваат од носење и злоупотреба на мало и лесно оружје (МЛО).

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и заменичката на постојаниот претставник на УНДП, Сања Бојаниќ.