February 16, 2019 17:28
Хроника

Камион прегазил пешак во Куманово

Камион прегазил пешак вчера во Куманово, информираше МВР.

Сообраќајната несреќе се случила околу 14 часот на улицата Бајрам Шабани, каде се изведуваат градежни работи за поставување на бекатон плочки. Тогаш Џ.Ј. (46) од Липково, движејќи се наназад со камион „мерцедес“ го прегазил Ќ.А.(43) од Отља, кој починал на самото место.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Related posts

Жена прегазена во Ѓорче Петров, со тешки повреди задржана во болница

24news

Ограбена аптека во Охрид

Igor

Кривична за битолчанец, со фб-пост загрозил сигурност на пратеници

24news