December 9, 2022 00:30
Хроника

Камион паднал во бездна на патот Гостивар-Кичево и се запалил

Возач на камион завршил со тешки повреди откако излетал од патот Гостивар-Кичево.

Од СВР Тетово информираат дека во 12 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавена сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Во непосредна близина на Новоселски мост, товарно моторно возило „Мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(32) од Скопје, излетало од коловоз, паднало во бездна и се запалило.

Возачот на товарното возило е пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде му се констатирани тешки телесни повреди, а екипи од гостиварската Територијална противпожарна единица го локализирале пожарот на возилото.

На местото на несреќата увид врши екипа од ОВР Гостивар.