November 24, 2020 22:04
Магазин

Камионџија и со 6.000 километри неделно, има време за здрав живот

Камионџијата Карлос Сото од САД вели оти и со 6.000 километри минати во камион седмично, сепак има време за себе и за здрав начин на живот.

– Сè што правите како возач на камион е – јадете, спиете и возите. А, сè тоа е нездраво. Возачите потоа имаат проблеми со колената, дијабетес и висок крвен притисок, изјави Сото.

Како што самиот забележува, тоа главно се должи на тоа што луѓето не се движат и не водат сметка за својата исхрана. – Телото почнува да се затвора. Се чини, тоа е случај со 90 отсто од камионџиите. Луѓе на возраст од 30 до 40 години одат како да имаат 80 години, додава тој.

Според американскиот Национален институт за здравство, 50 отсто од камионџиите во САД се со прекумерна телесна тежина. Имајќи го предвид сè тоа, Карлос се запишал на фитнес – за да може да вежба кога не е на пат. Така, тој сосредоточувајќи се на слабеење и „претворање” на мастите во мускули, загубил 14 несакани килограми.

Следна негова цел е посета на сите 150 вежбалници под име „Life Time” (Време за живот), од каде што има членска картичка, низ цела Северна Америка.

– Понекогаш е многу тешко. Честопати сум слободен само од два до четири часот наутро, вели Сото.

Тој исто така направил сериозни промени во исхраната… На пример, не јаде брза храна и многу чоколади, туку сè тоа го заменува со риба и ориз без леб и – дворски фудбал со својот син. И, вели оти сега се чувствува одлично.

– За луѓето кои се нови во фитнесот, секогаш им велам дека треба сè да направат сами. Сè може да се постигне со неколку промени во рутината на вежбање и правилна исхрана, гласи заклучокот на Карлос Сото.