December 1, 2021 17:36
Скопје

Камиказа: Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори

Кандидатот на Левица, Петар Георгиевски-Камиказа преку Фејсбук упати благодарност на сите кои му дадоа поддршка на овие локални избори. Пребројувањето за Скопје се уште не е готово, но извесно е дека Камиказа заврши како трет во трката за градски татко, со најверојатно над 20.000 освоени гласа.

-Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот, напиша Георгиевски.

Во вториот круг влегуваат Данела Арсовска поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Петре Шилегов, предложен од владејачката партија СДСМ.