February 3, 2023 21:51
Спорт

Калин Ивановски го освои Мадрид

Калин Ивановски го освои ИТФ турнирот во Мадрид. Македонскиот тенисер во финалето го декласираше Британецот, Марк Вајтхаус со 6:4, 6:2. Ова е трета титула за Ивановски во кариерата. Триумфот во Мадрид ќе му донесе нов скок на АТП листата.

Ивановски доминираше во дуелот со Вајтхаус. Еден брејк му беше доволен да го добие првиот сет со 6:4, а во вториот сет направи два брејка и ја освои титулата.

На патот до титулата Ивановски во текот на турнирот загуби само еден сет.