December 2, 2022 11:32
Магазин

Како социјалните медиуми ги гледаат успешните мажи кај нас и кој оставил најзначаен впечаток изминативе 4 години

Во денешно време современите бизниси сѐ повеќе ги користат социјалните медиуми како клучна стратегија воефикасното вклучување на нови, сегашни и потенцијални клиенти.

Користењето на социјалните мрежи од страна на компаниите и менаџерите е одлична алатка за пренесување на информации до широката јавност, запознавање и промовирање на производи, услуги и новости.

Брендовите се претставуваатсо помош на социјалните мрежи и комуницираат со јавностa, па на тој начин влијаат на секојдневието.Значаен дел од изборот на „Мажи на годината“се социјалните мрежи бидејќи јавно се гласа за наградата „Маж на годината според социјалните мрежи“.

Во изборот на потенцијалниот добитник на наградата во оваа категорија се номинираат личности кои се познати на поголемиот дел од јавноста. Тука спаѓаат личности кои се дел од секојдневието како видни бизнисмени, менаџери, професори, политичари, доктори и останати јавни личности кои го даваат својот значаен придонес во општеството и економијата.

Во изминатите четири години,награди понесоа многу од личностите кои оставија белег во македонското општество. Станува збор за луѓе со свој придонес на повеќе полиња и луѓе кои направиле значајни гестови, па вреди да бидат одбележани. Една од 13-те категории на кои се доделува награда е и категоријата  „Маж на годината според социјалните мрежи“. На првиот избор на „Мажи на годината“ во 2018 година наградата во оваа категорија ја понесе успешниот македонски водител и новинар Огнен Јаневски. На второто издание во 2019 година јавноста со најмногу гласови го изгласа македонскиот ракометар Стојанче Стоилов кој во годината на изборот со својот ракометен клуб постигна огромен успех и испиша историја во македонскиот ракомет. Во 2020 година наградата отиде кај хуманитарецот Али Февзи.На последното изданиеоваа престижна награда „Маж на годината според социјалните мрежи“ го избра хуманитарецот Борче Стаменов кој секојдневно склопува и поправа стари компјутери кои ги подарува на социјално загрозените семејства и луѓето на кои им е најпотребно.

Горенаведените добитници на награди се личности со голем општествен придонес, па затоа имаат и свое реноме кај пошироката јавност. Несомнено е дека влијанието на социјалните мрежи од година во година сѐ повеќе расте, па затоа и оваа награда добива повеќе значајни конкуренти.

Влијанието на социјалните мрежи врз целокупниот живот, врз економијата, политиката и сите други категории од нашиот живот е од големо значење, затоа со големо внимание следиме кој ќе биде избран за „Маж на годината според социјалните мрежи“ за 2022 година.