July 17, 2019 12:51
Магазин

Како да се мотивирате себе си за да почнете со вежбање

На сите им недостасува мотивација кога е вежбањето во прашање, а ние ви донесуваме неколку совети како успешно да го решите.

Кога зборуваме за вежбање, секој од нас го чека оној клучен ден во кој целосно ќе свртите новата животна страница. Така секогаш го чекаме оној клучниот понеделник или први од месецот за да во вашиот распоред рангирате активности кои се многу потребни за телото, но покрај цврстата одлука, тренингот и организираната исхрана, без мотивација многу е тешко да се постигнат саканите резултати.

Дека фитнес начинот на живот не е мед и млеко знае секој кој барем кратко зачекорил во него. Толку многу работи е потребно да се променат во досегашните навики, голем дел од вас многу брзо дигаат раце од се, но во таквите случаи мотивацијата е таа која на тој пат, ќе ве задржи и потсети зошто сте зачекориле во неа. Она што е важно е да се освестите, без разлика дали планирате да започнете со промена на нездравиот начин на живот или едноставно сте уморни од истиот, и дека овој пат не е лесен, и носи премногу пречки кои секојдневно морате да ги надминете. Честа “грешка” на сите нас е малку екстремното однесување со кое го започнувате вашето фитнес патување. Претераните тренинзи и исфрлање на сето она што го сакате од вашето мени многу брзо ќе ве умори и ќе ве доведе едноставно да дигнете раце од сè, што е сосема логично бидејќи таквиот живот и не звучи многу посакуван.

Важно е да пронајдете рамнотежа која ќе одговара на вас и вашиот распоред, па дури и ако станува збор за тренинзи еднаш неделно или за замена на омилената чоколада со јаболко. Секоја позитивна промена која сте ја направиле треба да ја поддржите и да се чувствувате задоволни поради неа, а не размислувајќи за тоа што би можеле повеќе и подобро бидејќи таквиот деструктивен пристап само ќе ја намали вашата мотивација да продолжите со промените. Што е уште поважно е да престанете да се оправдувате на другите зошто нешто сакате да работите. Чест е случајот околината да биде демотивирана кога се во прашање таквите позитивни промени, па секогаш сетете се дека на тој пат сте тргнале поради себе си и пред се поради вашето здравје. Исто така одличен начин кој секогаш ве мотивира е бележење на постигнатите резултати. Тоа можете да го направите со запишување на одредени цели кои периодично ги исполнувате или пак ги забележувате постигнатите промени со фотографија. Така секогаш ќе можете да се потсетите колку сте стигнале и сепак не е вредно откажувањето!

Нови вести

Албанија забрани емитување на спотови од Цеца

zane

Ќерката на Трамп на летување во Црна Гора плаќа со картичка и не остава бакшиш

zane

Освежете го здравјето и намалете ги килограмите со “краставица диета”!

24info