June 19, 2019 05:20
Фудбал

Како да престанете да се грижите за сè и сешто?

Дали ја исклучивте пеглата пред да излезете од дома? Дали го заклучивте домот? Дали ги зедовте клучевите од работа? Постојаната загриженост знае да биде многу исцрпувачка, а секојдневната грижа се рефлектира негативно по здравјето. Постојат луѓе кои не можат да престанат да бидат загрижени.

 

Со ова се соочуваат милиони луѓе ширум светот, а многумина се прашуваат како да престанете да се грижите за сè и сешто?

Еве неколку совети:

1. Соочете се со проблемите

Избегнувајте одлагање на грижите со тоа што ќе ги ставите под тепих и преземете соодветни акции за да ги решите проблемите. Избегнувајте одложување така што ќе ги запишете и со текот на времето ќе размислете за тоа како да го решите проблемот. Со други зборови, ако си велите дека има време за тоа и ги „заборавите“ проблемите, одложувањето дополнително ќе предизвика стрес.

2. Разговарајте за грижите

Можеби звучи како клише, но кога проблемот ќе го споделите со личност во која имате безрезервна доверба, вие сте на половина пат до решение. Разговорот со пријател или роднина може да ви помогне и да ви ги олесни грижите, но и да ви укаже кои грижи се беспотребни.

3. Одвојте време за загриженост

Ова можеби малку звучи лудо, но може да помогне. Одвојте 10, 15, 30 минути, колку што ви е потребно во текот на денот, за да се соочите со грижите. Така ќе бидете мирни во остатокот од денот.

Психолозите велат дека финтата е во тоа што грижите никогаш не престануваат, односно секогаш ќе има нешто што ќе ве загрижува. Затоа помага да си го ограничите времето кога ќе се грижите, а тоа воедно ќе ви помогне да се потрудите да го пронајдете решението, наместо да им се препуштите на грижите.

Нови вести

„Лукаку треба да го напушти Јунајтед“

24info

Марадона удри по Меси и компанија: Што е дресот? Оваа Аргентина може да изгуби…

24info

Тотална чистка во Барселона: Речиси цела постава оди на продажба

24info