September 19, 2019 13:01
Магазин

Како да ги исчистите четките и сунѓерчињата за шминка?

Ок, да бидеме искрени, кога последен пат сте ги исчистиле четките и сунѓерчињата за шминкање?

Како што е важно да ја одржувате хигиената на лицето, исто така треба да ја одржувате и хигиената на опремата што користите за шминкање.

Ако сте од оние кои редовно го прават тоа, примете пофалби. Ако не сте, прочитајте каква штета си правите со тоа, па научете како најлесно да ги исчистите инструментите што ги користите за шминкање.

На четките се собира остатокот од производот (пудра, течна основа, коректор, сенка, руменило…), мртви клетки од површинскиот слој кожа, мрснотии од кожата, прашина, влакна и други работи кои создаваат идеални услови за развивање на бактерии.

Ако вашите четки веќе ја немаат оригиналната боја на влакненцата, веќе е крајно време да ги исчистите. Со чиста четка или сунѓерче полесно ќе ги нанесете производите и ќе се осигурате дека не ѝ штетите на вашата кожа.

Нови вести

Иран ќе им дозволи на жените да гледаат меѓународни фудбалски натпревари

Valentina

Кај тинејџерите со вишок килограми има поголем ризик од срцев удар

Valentina

Сопругот на најстарата прворотка на светот преживеа срцев удар

zane