October 26, 2021 20:42
Свет

Каква е судбината на авганистанските сили по доаѓањето на талибанците на власт?

Припадниците на поранешните авганистански владини сили продолжија да работат на меѓународниот аеродром во Кабул, откако ги напуштија своите позиции по преземањето на власта во земјата од страна на талибанците. Ова покрена неколку прашања за иднината и судбината на овие сили во контекст на новите случувања.

Иако во соопштението на талибанското Министерство за одбрана се повикуваат логистичките, административните и техничките оддели да се вратат во министерството и да продолжат да работат, досега одговориле само неколку вработени.

Во 2002 година, САД почнаа со воспоставување авганистански сили кои во текот на следните две децении дојдоа до бројката од 300.000 војници. Меѓутоа, оваа голема бројка брзо опадна, и по повлекувањето на САД, талибанските милитанти во рок од само десет дена ја презедоа контролата врз сите делови на земјата.

Од почетокот на преговорите меѓу САД и талибанското движење во Доха, сите зборуваат за судбината на авганистанските сили.

Судбина и факти

Специјалниот пратеник на САД за Авганистан, Залмај Калилзад, и авганистанскиот претседател во заминување, Ашраф Гани, се согласија дека за судбината на овие сили не може да се преговара и дека во случај на мир со движењето на талибанците, тие сили ќе останат затоа што се таму за народот, а не за режимот.

Но, фактите на теренот беа спротивни на сите очекувања, бидејќи владините сили не можеа да ги издржат нападите на талибанското движење, кое ги засили своите активности по американското повлекување.

Настаните на терен докажаа дека САД и претходната авганистанска Влада ја преценија способноста на овие сили да издржат и да им се спротивстават на талибанците.

Воениот експерт, Ахмед Џавид за „Ал Џезира” изјави: „Не ги обвинувам авганистанските сили што се откажаа од оружјето и не се спротивставија на талибанците”, истакнувајќи дека таквото однесување го оправдува со ширењето корупција и непотизмот во војската и лошото раководство, што беше главното причина за колапсотна овие сили.

Освен тоа, тој посочи дека на владините сили им била потребна воздушната поддршка од американските сили, кои го намалија бројот на напади од 16 на четири дневно.

Многу Авганистанци веруваат дека талибанците треба да ги здружат силите со своите борци и да формираат национална армија која ќе ги задоволи потребите на земјата за зачувување на нејзините територии, бидејќи е редовна армија, а во текот на две децении помина американска обука и стекна искуство.

Портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, за „Ал Џезира” изјави: „Талибанците работат да ги вратат тие сили на работа со едноставни лидерски реформи и ќе работат заедно со талибанските милитанти, кои ќе бидат важен дел во формирањето нова армија во Авганистан”.

Според официјалните извештаи, бројот на владините сили бил 300.000, додека бројот на талибанските милитанти се движел од 70 до 85.000 борци.

Интеграција и тешкотии

На новата влада ќе и биде тешко да ги интегрира овие сили, бидејќи двете страни имаат историја на конфликти и одмазда. Покрај тоа, доктрината на поранешната армија беше фокусирана на борбата против таканаречениот тероризам.

Прашањето е: Како може еден војник да го промени својот став за тоа против што се борел до вчера?

Поранешен владин извор за „Ал Џезира” изјави: „И покрај изјавите на талибанските претставници за враќање на поранешните владини сили на работа, само неколкумина ќе одговорат на овој повик од повеќе причини, од кои најважна е недостатокот на доверба меѓу двете страни”.

Истиот извор посочува дека Пакистан се противи на формирањето армија со повеќе од 70.000 борци, бидејќи смета дека секоја силна армија во Авганистан ја загрозува нејзината национална безбедност.

Важно е да се напомене дека владините сили паднаа двапати во последните четири децении, прво по пристигнувањето на поранешните муџахедини во Кабул во 1992 година и падот на владата на Мохамед Наџибулах, последниот комунистички претседател, и втор откако талибанците ја презедоа контролата врз главниот град Кабул, а претседателот во заминување Ашраф Гани ја напушти земјата.

Силна армија

Писателот и политички аналитичар Хикмат Џалил за „Ал Џeзира” изјави дека талибанското движење мора да формира силна армија, да ги избере своите членови многу внимателно и да се бори против непотизмот и корупцијата.

Тој објасни дека секоја војска формирана од талибанците ќе има тешка задача, а тоа е борбата против Исламската држава Ирак и Левант (ИСИЛ) и Ал Каеда, бидејќи движењето не го заврши формирањето на својата влада, додека Американските и западните извештаи ја споменуваат можноста двете организации повторно да почнат со дејствување.

Тој додаде дека друг предизвик со кој се соочуваат талибанците е формирањето национална армија, особено затоа што американските и странските сили ја повлекоа воената опрема и го уништија она што не можеа да го транспортираат.

Тој посочи дека ќе биде тешко да се компензира уништувањето на авиони и воена опрема на воениот аеродром во Кабул. Тој рече дека САД евакуирале повеќе од 25.000 авганистански војници од Специјалните сили паралелно со нејзиното повлекување од Авганистан, со што под знак прашалник ја става целисходноста на овој потег.

Тој, исто така, го сврте вниманието и на тоа што го направија некои офицери и пилоти кон средината на август, кога повеќе од 45 државни авиони на воздухопловните сили беа префрлени во странство, особено во Узбекистан, за да не паднат во рацете на талибанците. Можеби узбекистанските власти ги принудија овие авиони да слетаат во градот Термез на границата со Авганистан.

Извештаите покажуваат дека некои авиони превезувале авганистански војници кои бегале од пристигнувањето на талибанските милитанти во градот Мазари Шариф, во кој се наоѓаше најголемата воена база во северните покраини на земјата.

Талибански извор за „Ал Џезира” изјави : „И покрај нашите силни односи со Узбекистан, побаравме да ги вратат овие авиони, но тие досега не реагираа. Се плашиме дека тие ќе бидат вратени на опозицијата која се спротивставува на движењето во некои северни региони на земјата “.

Watch anime online for free at AnimeFLV gogoanime

Gundam Build Fighters Try Episode 25

Website https://wcostream.cc: Watch Honkai Impact 3 Animation - Cyberangel: ZERO Exception wcostream Episode Full watch anime dub

Website https://animetv.cc: Watch Blue Seagull animetv Episode Full stream anime to tv

Experiment: https://experiment.com/users/gogoanimebe

Gogoanimebe wordpress: https://gogoanimebe.wordpress.com/