November 29, 2022 04:39
Спорт

Кака: Најдобриот момент од Реал Мадрид ми беше кога слушнав дека ќе си одам

Поранешниот бразилски фудбалер Кака денеска во Берлин ќе трча маратон, а шпанскиот весник „Марка“ по тој повод му направи големо интервју, но неизбежни беа и фудбалските прашања.

На прашањето кој му е најдобар момент во Реал Мадрид, Кака даде неочекуван одговор.

-Можеби звучи чудно, но ќе го одберам денот кога ми беше потврдено дека заминувам, бидејќи тогаш разговарав со Флорентино и тој ми рече дека во мене гледале еден голем професионалец кој дал се од себе за да донесе големи резултати во Мадрид, но повредите и малата минутажа не ми дозволиле.вЗборовите на Перез ми дадоа големо задоволство бидејќи почувствував дека вратите на Мадрид ми се отворени. Затоа никогаш нема да слушнете да кажам нешто лошо за Мадрид или за Жозе Мурињо, вели Кака.