November 30, 2020 02:57
Хроника

Казнети 683 лица кои не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (18/19.11.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 683 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.