September 26, 2020 07:40
Хроника

Казнети 578 лица кои не носеле маски

Во текот на изминатото деноноќие (15/16.09.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 578 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.