August 10, 2022 23:29
Македонија

Каевски: Новата Влада предводена од Ковачевски ќе обезбеди сигурна иднина за младите

Пратеникот од СДСМ Дарко Каевски во обраќањето на денешната собраниска седница, порача дека новата Влада предводена од СДСМ и Димитар Ковачевски преку ефикасни и одговорни политики ќе обезбеди сигурна иднина за граѓаните, пред се за младите.

„Еден од главниот фокус на Владата на СДСМ се и младите. Спроведовме многу мерки за млади, но младите секогаш заслужуваат повеќе и очекуваат подобро. Затоа во владината програма е предвидено државата да плаќа придонеси за секое ново вработено младо лице до 29 години. Компаниите во партнерски однос со државата да продолжат и да го зголемат капацитетот на вложување во знаење и вештини преку практична работа, зголемување на опфатот на младинската гаранција, поврат на персоналниот данок на доход на сите млади до 30 години кои што се ново вработени. Понатаму, продолжување на отворање на младински центри кои што ќе ги има во секоја општина, се со цел делување и вмрежување на младите, како и локланите младински совети кои што ќе бидат во функција на креирање на политики на локално ниво за подобрување на условите на младите во општините.” порача Каевски.

Тој посочи дека со реализација на Програмата на Владата ќе доведат до раст на минималната и просечната плата, како и дополнително намалување на стапката на невработеност.

„Минималната плата ќе продолжи да расте, Владата ќе инвестира во човечкиот капитал и вистински ќе го вреднува трудот на работникот, особено во услови на пандемија. Зголемувањето на минималната и просечната плата го јакне стандардот на граѓаните, го подобрува квалитетот на секојдневното живеење и ја стимулира економската активност. До крајот на мандатот на Владата , просечната плата ќе изнесува 34,000 денари.

Денес стапката на невработеност е на најниско ниво и изнесува 15,9%, стапката на невработеност до 2024 година се предвидува да достигне 11,4 проценти според планот за забрзан економски раст, до крајот на 2026 та година се очекува да биде 8,6%. ” заклучи Каевски.