Uncategorized Македонија

Каевски: Мицкоски сега ќе бара избори наместо да лобира датум за преговори

-Постојат политичари кои застанаа заеднички за да не падне оваа Влада, додека од другата страна имаше непринципиелна коалиција составена од луѓе кои се против НАТО и против ЕУ, вели пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во гостувањето на МРТ. 

-Да, ние со сите маани и слабости, сепак се водиме од главниот идеал, кој ја води државата напред, ја води во НАТО и ЕУ, со зголемување на платата и со сериозен бенефит за граѓаните. Ние можеме да се пофалиме дека во период на пандемија ја намалувавме невработеноста. Таа е на најниското историско ниво од 15,9%, вели Каевски.

Тој потсети дека кон крајот на 2020 година многу често Христијан Мицкоски излегувал во јавноста и најавувал ново мнозинство. 

-Тоа беше наративот на партијата, што влеваше страв кај граѓаните од нова несигурност. Кога таа реторика пукна како меур од сапуница и тие знаат дека не можат да го користат истиот наратив сега одат на наративот за нови избори. Во сите јавни настапи сега Мицкоски ќе најавува избори, за на пролет, па на есен и така натака… Тоа е за да ги задоволи апетитите на членството и заради негови лични интереси, смета Каевски. 

Тој вели дека кога сите напори на Брисел и Вашингтон се вложени за земјата да добие датум за преговори, истакнати функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Вашингтон се радуваат и лобираат да нема датум, фрлајќи дамка на процесот. 

-Дали направија средба со некој европски лидер за да лобираат да добиеме датум? Што направи ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период после локалните избори во насока да помогне за евроинтеграциите за нашата држава?, праша Каевски.

anime online. AnimeHeaven is the best animes online website, where you can watch anime online completely free. No download, no surveys and only instant premium streaming of animes.

AnimeHeaven Horimiya (Dub) Episode 5

That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2

That Time I Got Reincarnated as a Slime (Dub)

english anime AnimeHeaven One Piece

AnimeHeaven How NOT to Summon a Demon Lord Ω