December 4, 2022 19:57
Свет

Кадиров ги праќа малолетните синови во борбите во Украина

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави на Телеграм дека неговите тројца малолетни синови ќе се приклучат на војната во Украина.

Ахмат, Ели и Адам, кои имаат 16, 15 и 14 години, наводно ќе се вклучат во борбите во Украина.

„Нивната воена обука почна одамна, речиси од мали нозе. И не се шегувам. Дојде време да се покажат во вистинска борба, а нивната желба само ја поздравувам. Наскоро ќе излезат во првиот ред и ќе бидат на најтешките делови од линијата на фронтот”, пишува Кадиров.

Лидерот на Чеченија има 14 деца, според неговата официјална страница. Но, дел од медиумите пишуваат дека бројот може да е поголем.