June 24, 2022 09:35
Свет

Кадиров: Вистинскиот непријател на Русија не е Украина

Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров изјави дека Русија не е против Украина, туку против НАТО.

– Денес не се бориме против Украина, ние се бориме против НАТО. НАТО ги вооружува, Западот ги вооружува, нивните платеници се таму, изјавил Кадиров, пренесуваат руските медиуми.

Кадиров претходно изјави дека агресијата, или како што тој ја нарекува – „специјална операција во Украина”, се одвива според планот.

Кадиров во острото обраќање до јавноста рече и дека германскиот канцелар Олаф Шолц „се однесува шизофренично”, а секако ги коментираше и потезите на американскиот претседател Џо Бајден.

– Американскиот претседател Џо Бајден му диктира на Западот, иако самиот ништо не сфаќа, рекол Кадиров, пренесува Н1