October 21, 2020 14:35
Македонија

Кадиев: Не е важна висината на казната за Боки, премногу е земен замав со неовластено снимање

Дељо Кадиев, адвокат на Катица Јанева после рочиштетот на кое е поднесена кривична тужба против Бојан Јовановски за фотографии од приватниот живот на Катица Јанева, истакна дека висината на казната не е толку важна колку што е важно дека е земен замав со неовластено снимање и фотографирање, и потоа се користи за свои цели, објави ТВ21.

-Станува збор за 22 фотографии кои се наоѓаа во телефонот на Бојан. Не поднесовме за повеќе, иако имаше повеќе фотографии и снимки. Направени се на повеќе места, претежно во домот, но има и во ресторан. Сите фотографии беа дел од „Рекет“. Катица увиде дека во телефонот на Бојан има снимки од нејзиниот приватен живот кои потоа се нарушува и принцпот на заштита на приватност. Превидена е казна на три месеци затвор, но не е тоа поента. Катица ценеше дека премногу е замав, дека се снима неовластена, и потоа се користи за свои цели, изјави Кадиев.