June 28, 2022 10:00
Македонија

Кадиевска Војновиќ: Една од причините за протестот на 18 јуни е економијата

На 18 јуни е најавен голем протест од страна на ВМРО-ДПМНЕ, впрочем една од причините е економијата. Покрај многубројните причини затоа што ВМРО-ДПМНЕ се залага за предвремени парламентарни избори има многу економски аргументи.  Избори ни требаат затоа што оваа влада е една од најлошите влади во справување со економските кризи, изјави членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ за „Бизнис Плус” на МРТ.

Таа истакна дека ако имаме успешна влада со успешни мерки и навремени, тогаш граѓаните помалку ќе ги чувствуваат кризите, ние немаме успешна влада и  мерките се задоцнети затоа, нормално е дека народот ќе ги чувствува тешките економски последици.

– Оваа влада го направи буџетот како дупка без дно. Државава оствари пад на БДП од 6,1% во 2020 година што е второ најниско остварување. Она што нас не плаши дека оваа влада само за 2020 и 2021 акумулира долг од 1,6 милијарди евра и тоа огромна сума, а со 2022 за три години тоа ќе биде 2,3 милијарди евра долг. И не се знае каде се парите, рече Кадиевска Војновиќ.

Таа укажа дека ВМРО-ДПМНЕ постојано алармира, дава предлози, но оваа влада не само што не ги прифаќа предлозите, туку нема капацитет однапред да ги следи економските ситуации и затоа трпат и граѓаните и државата.

– ВМРО-ДПМНЕ во континуитет навестуваше дека ни следи период на инфлација. Но власта  тоа што не го гледа навремено е да ги види економските бури што доаѓаат. Инфлацијата во Македонија започна уште со зголемувањето на електричната енергија за 7% во 2020 година и се разгори во средината на 2021 година. Тогаш власта кажуваше дека се е под контрола. Ако признаеја тогаш можеби навремено ќе реагираа, изјави Кадиевска Војновиќ.

Таа посочи дека власта исто така не ја послуша ВМРО-ДПМНЕ да се замрзнат цените на прехранбените производи и истата мерка ја донесоа доцна кога веќе растот на цените беше огромен, наместо да ја донесоа навреме за да нема ценовен шок.

–  Ние први повикавме на ДДВ-то на храната да го намалат на нула.  Први повикавме да се намалат акцизите. Ние како опозиција имавме мерки и им ги укажувавме. Ние први алармиравме за стоковите резерви и уште не знаеме дали владата ги наполни резервите.  Знаеме дека најголеми извозници на пченка и пченица се Украина и Русија и дали владата се спремила за тоа, колку хектари субвенционираше? Не се реагира навремено, потенцираше Кадиевска Војновиќ.

Go88 Club | Go88.Live - Thiên Đường Cờ Bạc Online cách bắt cầu tài xỉu chuẩn go88 Go88 – Trang trò chơi Tài Lộc ăn tiền ảo lãnh tiền thật

sunwin aaa sunwin chơi ngay sunwin 4050 cm cnc laser engraver