August 15, 2022 21:16
Македонија

Каде на Балканот е најскапо да користите такси превоз

Колку граѓаните на главните градови во земјите од регионот можат да си дозволат превоз со такси? Каде оваа услуга е најевтина каде најскапа? На овие прашања во продолжение даваме одговор споредувајќи ги официјалните актуелни цени на превозот со такси во Скопје, Белград, Сараево, Подгорица, Приштина и Тирана при нормални услови во сообраќајот, без долго чекање во место.

Во Скопје тарифата по која возат лиценцирани такси превозници е 0,65 евра (40 денари) за старт и 0,40 евра (25 денари) за секој изминат километар.

До скоро дел од компаниите возеа со 20 проценти попуст, но поскапувањето на нафтените деривати доведе до укинување на попустот. Такси ценовникот во Скопје е непроменет 11 години. Официјално барање од Здружението на авто-такси превозници до Град Скопје за покачување на цената до овој момент нема.
Лиценцираните превозници сметаат дека санкционирањето на оние кои не се регистрирани и кои не плаќаат даноци во извесна мера ќе придонесе кон тоа да не се зголемат цените. Во главниот град на Северна Македонија се регистрирани близу 3.000 такси превозници.

Во Белград речиси три пати поскапо

Такси превозот во Белград неодамна поскапи. Во српската престолнина граѓаните се возат според три тарифи. Стартот е ист во сите три 1,8 евра (220 динари). Цената за еден километар во првата тарифа изнесува 0,68 евра (80 динари), во втората 0,85 евра (100 динари), а во третата 1,36 евра (160динари).

Цената на чекање за еден час во сите три тарифи е 7,67 евра (900 динари).
Првата тарифа се применува од 7 до 22 часот, втората од 22 до 6 часот и во недела и државни празници и третата се применува надвор од точките на градското подрачје наведени во Службен весник.

Едно евро старт и поскапување во најава во Сараево

Актуелниот ценовник на сараевските таксисти е 0,97 евра (1,9 конвертибилни марки) за старт на возењето и 0,67 евра (1,2 конвертибилни марки) за секој изминат километар. Цената на еден час чекање е 6,14 евра (12 конвертибилни марки).

Сепак последните најави од пред неколку дена на Здружението на таксисти од кантонот Сараево е дека ќе бараат поскапување на такси превозот. Нивниот став е дека цените треба да бидат 1,28 евра (2,5 конвертибилни марки) за старт на возењето и 0,77 евра (1,5 конвертибилни марки) за секој изминат километар. Како причина за поскапувањето такси превозниците ја наведуваат зголемената цена на нафтените деривати.

Таксистите во Подгорица добија бенефиции

И во Подгорица се вози според три тарифи. Цените во првата тарифа која важи од 7 до 22 часот се од 0,50 до 0,70 центи за километар. Во втората тарифа од 22 часот до 6 часот цената е од 0,60 до едно евро за километар, додека во третата тарифа која се однесува на возење надвор од градското подрачје изнесува од 0,4 до 1 евро по километар. Стартот во сите три тарифи е 0,50 евра по километар.

Таксистите во Подгорица пред три месеци се откажаа од барањата за поскапување на цените бидејќи Владата донесе одлука за поврат на дел од трошоците за акциза на горивата кои ги имаат таксистите.

Приштина и Тирана со поскапи цени од пред три месеци

Актуелните цени на таксито во Приштина се од пред три месеци. Стартот на возењето сега чини 2 евра за разлика од претходно кога изнесуваше 1,5 евра.
Цената за еден километар изнесува 0,65 евра додека еден час чекање чини 3 евра.

Таксито во Тирана поскапи во март оваа година. Ноќната тарифа се применува и преку ден. Актуелните цени на такси превозот се 2,5 евра (300 леки) за старт и возење за таа цена до 1,5 километри. Педесет леки се наплаќа багажот. Следните пет километри ги добивате за едно евро по километар. Потоа доаѓа втората тарифа во која еден километар изнесува 0,8 евра (95 леки) и третата тарифа над 16,5 километри се наплаќа по 0,67 евра (80 леки) по километар.

sun win

sunwin apk sunwin club game sunwin

tải sunwin

sunwin.apk mới nhất tải sunwin sunwin club

sun win