December 1, 2022 17:22
Хроника

Кавадарчанец ја наведувал на проституција неговата малолетна девојка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 19-годишник осомничен за кривично дело  – Посредување во вршење проституција од член 191 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Во текот на последните два месеца, осомничениот ја врбувал и наведувал на проституција неговата малолетна девојка, така што преку нејзиниот профил на Инстаграм до кој имал пристап, пишувал во нејзино име и договарал средби со повеќе лица. Потоа ја наведувал да оди на средбите и да има сексуални односи со лицата за парични средства, а парите да му ги дава на осомничениот.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да се даде во бегство или дека ќе се обиде да влијае на сведоците, надлежниот јавен обвинител предложи да му биде определена мерка притвор.​​