February 28, 2020 02:28
Македонија

Кабинетот на Пендаровски се извини за погрешно поставеното црногорско знаме

При средбата на македонскиот претседател Стево Пендаровски и на  црногорскиот Мило Ѓукановиќ во Скопје, знамето на Црна Гора беше свртено на обратна страна.

По тој повод кабинетот на претседателот Пендаровски упати извинување до кабинетот на претседателот на Црна Гора Ѓукановиќ, кој на 2 октомври беше во официјална посета на Северна Македонија.