April 20, 2021 19:01
Балкан

И Хрватска нема да ја чека ЕУ, се бара дозвола за Спутник V

Министерството за надворешни работи на Хрватска ја побара од руската страна документацијата за вакцината Спутник V, јавуваат хрватските медиуми. Врз основа на тоа хрватската Агенција за лекови и медицински производи би можела да даде одобрување за интервентен увоз, неофицијално дознава Јутарњи лист.

Сè поголем број европски земји преговараат со Русите, и покрај тоа што вакцината Спутник сè уште не е одобрена од Европската агенција за лекови. Дека преговорите се во тек покажува и информацијата, според сознанијата на Јутарњи, дека хрватскиот министер за здравство во вторникот разговарал со рускиот амбасадор во Загреб за вакцината.

Имено, станувало збор за милион дози, но токму одобрувањето, односно соодветната документација и регулативата за увоз претставуваат најголем проблем. Дека постои можност да не се чека одобрувањето од ЕМА потврдува и Халмед, каде објаснуваат дека во случај на вонреден увоз на вакцина која не е одобрена во Европската Унија, вакцината може да се употребува во Хрватска.

WCOStream dubbed anime: Watch Naruto: Shippuden Episode 401

GoGoAnime anime websites: Watch Jimihen!!: Jimiko wo Kaechau Jun Isei Kouyuu!! Episode 3