February 2, 2023 21:18
Скопје

И утре сообрќаен режим на улицата Даме Груев

Утре /сабота/ на 10.12.2022год. од 8.00 часот до 15.00 часот екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, продолжуваат со активностите за реконструкција на коловозната површина, односно асфалтирање на улицата Даме Груев на потегот од раскрсница со улица Македонија до улица 11ти Октомври.
Поради изведба на градежните активности на овој потег ќе бидат затворени двете коловозни ленти и обележани со соодветна сигнализација.