July 28, 2021 14:46
Македонија

И трудница од Гостивар е меѓу починатите од коронавирус

Пациентката (31) од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од коронавирус е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна, пишува Телма.

Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод. Таа била префрлена на инфективната клиника кадешто било надзор на гинеколози, трансфузиолози, епидемиолози и инфектолози.

„ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега“, изјави др. Иринка Бухова Сотирова за Телма.

Пациентката од Гостивар е е втората бремена жена која по гинеколошка интервенција починала од последици на коронавирус. Претходно 26-годишна жена од Куманово после породувањето, почина на инфективна клиника во Скопје.

ANIMEFLIX dragon ball animeflix: Watch How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 1 (https://animeflix.nl/m/MOkl/ep-1)

GoGoAnime haikyuu gogoanime: The Rising of the Shield Hero (Dub) (https://gogoanime.be/m/0Dyk) Episode 25