December 5, 2022 09:48
Македонија

И самите во СДС не знаат зошто дезертирал Ковачевски, дали поради школување, дали поради болки во стомакот, дали заради операции, дали поради ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ

Дезертерската СДС очигледно се во паника после обелоденувањето на скандалот со трајната неспособност на Ковачевски.

Секој ден се повеќе и повеќе се заплеткуваат, бидејќи дезертерот Ковачевски ги лаже и нив како и јавноста. И самите не знаат дали нивниот лидер одбил служење на воен рок поради проблеми со стомакот, дали поради школување, дали поради хируршки интервенции, дали поради тапијата за трајна неспособност.

И ним и на јавноста им оди во прилог да се утврди вистината и да се види дали дезертерот Ковачевски е деловно способен или не, бидејќи од тоа зависи  иднината на нивната партија, а уште повеќе (што е помалку важно) и иднината на Македонија.

Патем за чесната и одговорна работа во време на криза на функционерите од власта, СДС и Ковачевски должат одговори кои фирми профитирале од кризите. Да кажат кои фирми правеле профити и бизниси, дури народот осиромашувал, а стопанството пропаѓа?