March 2, 2021 18:09
Македонија

И оваа година започна со покачување на пензиите

Владата на денешната седница ја усвоила Информацијата со која јануарската пензија ќе биде повисока во просек за 185 денари. Покачувањето е според движењето на индексот на трошоците за живот. Пензиите за јануари ќе се исплатат до крајот на месецот.

Владата пријатно ги изненади пензионерите кои можеби не го очекуваа ова покачување. Иако може да се коментира дека покачувањето е скромно, сепак на пензионерите им влева надеж дека до крајот на годината може да има уште неколку зголемувања на пензиите. Ланскиот јануари, заедно со покачувањата од 2019, пензиите пораснаа во просек од 900 денари.

Денешното покачување е дел владината политика за грижа кон возрасната категорија граѓани. Покрај покачувањето на пензиите, овие граѓани беа дел од владините економски мерки, особено оние со најниски пензии за кои беа наменети ваучери од 6 000 денари. Не е исклучено и во текот на оваа година новите пакети економски мерки да се однесуваат и на пензионерите.

Fog Hill of Five Elements (https://crunchyrollfree.com/m/DYWW) Episode 3 at website https://crunchyrollfree.com. See more crunchyroll premium

Watch High School DxD BorN (Dub) Episode 1 (https://funimationfree.com/m/WnBQ/ep-1) at website https://funimationfree.com funimation hunter x hunter