-Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од Советот на Владата за соработка со невладини организации, вели Стојанче Ангелов.
Тој додава дека Армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај, појаснува, кога е прогласена кризна состојба Армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.
-Акцискиот план треба да се разгледа од страна на Управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.
Од Министерството за здравство апелираат за почитување на мерките – носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето, како и честото миење на рацете, кои, како што велат, се клучните мерки во справувањето со Ковид-19 кризата.
-Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски, посочија од Министерството за здравство.
Нови 1182 случаи позитивни на коронавирусот беа регистрирани вчера за изминатите 24 часа од направени 3109 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 707 оздравени пациенти, како и 25 починати лица. Од Министерството за здравство информираа дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, напоменувајќи дека бројката е променлива поради нови примени и исписи на оздравени пациенти.